Француската полиција ја  утврдила личноста на уште еден од терористите, кои учествувале во нападите над Париз,  пренесе РИА Новости, повикувајќи се на Асошиетед прес.

20151116.yqvzxqmoyn

20-годишниот француски државјанин Билал Хадфи бил едно од трите камикази,во  експлозијата на стадионот “Стад де Франс”.Тајни служби во Париз успеаја до доцна синоќа да идентификуваат двајца од напаѓачите, но го соопштија името само на едниот. Омар Исмаил Мостефај (29 г.) – француски државјанин од алжирско потекло, роден во градското предградие Куркурон, бил меѓу тројцата терористи кои убија 89 лица во концертната сала “Батаклан”. Идентитетот му е утврден со отпечаток од парче од прс  откако се саморзнал со еклозив. Мостефај бил осудуван 8 пати за ситни злосторства во 2004-2010 година, но не  лежел во затвор.

Се претпоставува дека бил во Сирија во 2014 година Шестмина негови роднини беа  исто така уапсени. Белгиската полиција објави дека уапсила 7 лица во врска со нападите во Париз. Повеќето апсења биле извршени во дејствие  во бриселскиот кварт Моленбек  на кој министерот за внатрешни работи Јан Јамбол му се закани да го прочисти од исламските радикали. Од распитите им стана јасно дека едниот е француски државјанин, чиј брат учествувал во теророт во Париз. Третиот  нивен брат, за кој се смета дека е ангажиран во  еден од автомобилите со белгиска регистрација на трите ударни терористички одреди, е во бегство и Белгија  објави потерница преку Интерпол.  ЗА имињата на братот бомбаш и на бегалецот се Ибрахим и Салех Абдусалам, пишуваше  “Вашингтон пост”. Разузнавачки извори му соопштиле на изданието име на уште еден кој живеел во Белгија , а  терорист од Париз – Билал Хадфи, исто Французин. Сега тој официјално е прогласен за еден од камиказите кој се разнесе до “Стад де Франс”.

Во Париз полицијата откри фрлени во источното предградие Монтрој автомобил “Сеат” со 3 автомати “Калашников”, 5 полни со куршуми и 11 празни реденици. Недокажано до синоќа останаа тврдењата дека еден од терористите се вметнал во Европа, претставувајќи се како бегалец. Не е јасно дали сирискиот пасош на име на Ахмад ал Мухамед (25 година), најден до остатоците на еден од тројцата бомбаши самоубијци крај “Стад де Франс”, е вистински и дали бил украден.Мухамед пристигнал со него на грчкиот остров Лерос на 3 октомври. Четири дена подоцна се регистрирал во Србија, а на 8 октомври веќе бил во бегалски камп во Хрватска. Баварската полиција го испрашува уапсениот на 5 ноември во автомобил полн со оружје и експлозиви 51-годишниот Црногорец. Тој објаснил само дека патувал за Париз, за да ја види Ајфеловата кула. ​​Истрагата тврди дека во бомбите барем од  двајца кои  биле на не повеќе од 18 години, бил користен триацетонов трипероксид, нарекуван “Мајката на сатаната”.

Слични содржини