Почнувајќи од понеделник (06.04.2015) ќе има бојкот на наставата, најавија поголем број училишта, по примерот на учениците од скопските гимназии „Орце Николов“ и „Кочо Рацин“. Тоа, како што најавуваат, е реакција на игнорантското однесување на надлежните институции кон нивните барања.

images (2)

Бојкотот на настава ќе трае, се додека Министерството за образование не закаже дебата со претставници на Средношколскиот Пленум.

Додека трае бојкотот на настава ќе бидат организирани вон-училиши активности.

Ваквите најави доаѓаат по вториот генерален средношколски марш во Скопје во четвртокот, кога и покрај барањата не беше обезбедена средба на МОН и Средношколски пленум. Иако беа примени двајца претставници на Пленумот и им бил даден контакт од кабинетот на заменик-министерот Спиро Ристовски, со насока да се јават во рок од еден час за да договорат средба, како што информираат средношколците, бројот бил погрешен.

Тие се револтирани и од средбата помеѓу МОН и претставници од Средношколската унија, чиј статус е неактивен со години, и не ги прифаќаат нивните барања со кои математиката на матура ќе остане задолжителна за гимназијалците од природно-математичките смерови.

Барањата на Средношколски пленум се поинакви, тие сакаат враќање на стариот концепт на полагање на државна матура, како и ставање во мирување на екстерното тестирање.

Слични содржини