Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одржаа заедничка прес конференција, на кејот, каде што Град Скопје донесе одлука да изгради улица.

 

zaev-andrej-685x320

„Денеска на седница на советот на Општина Центар, ќе донесеме забрана за градба на овој потег, кој ја опфаќа и улицата на Кејот, но одлуката нема да се дозволи и изградба на Шпански скали, а не само на оваа небулозна улица. Ги повикуваме луѓето на власта да се откажат од изградбата на вакви градби, во спротивно ќе изгласаме забрана на сите градби. Ја повикуваме и стручната јавност да се вклучи во ова, ги повикуваме и граѓаните и невладините организации, бидејќи ова е битка за интересот на граѓаните“, изјави Жерновски.

Според Заев не се работи за инает и реваншизам туку за заеднички интереси. Решение, вели тој, мора да се изнајде и тоа заедно со граѓаните бидејќи дрскост и безобразие е  на Кејот да се гради улица.

„Од бомбите, од прислушуваните разговори, чувме дека Никола Груевски е главен планер и архитект за градбите и спомениците во Скопје. За проектот „Скопје 2014“ нема анкета и граѓаните не се прашани за инвестицијата од 600 милиони евра. Сообраќајниот метеж, со ова, бидејќи нема инфраструктурна поставеност, дополнително се компликува. Ние од СДСМ, градоначалникот Жерновски и опозициските советници градиме партнерство со граѓаните“, рече Заев./ извор: A1ON

Слични содржини