Осум лица се повредени при пукање во Балтимор (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Меѓу жртвите имало татко со тригодишна ќерка

1474770298-4
Полицијата во Балтимор соопшти за неколку повредени при пукање во источниот дел на американскиот град, вклучувајќи и девојче, пренесува CBS Baltimore. Инцидентот се случил околу 21 часот (по локално време) во саботата вечерта.Властите додаваат дека осум лица биле застрелани и одведени во локалната болница. Меѓу жртвите имало татко со тригодишна ќерка. Органите на редот истакнаа дека раните на сите настрадани не се опасни по живот.

Полицијата додава дека тројца осомничени, кои се уште не се идентификувани,  го напуштиле пеш местото на инцидентот. Според достапните информации едниот користел пушка, а другите двајца пиштоли.

Слични содржини