Учениците од завршните години во средните училишта денеска треба да го полагаат првиот предмет од екстерното тестирање, но според последните информации од Средношколскиот пленум и од од дел од учиулиштата, од утрово системот за екстерно тестирање падна, па повеќе од два часа матурантите чекаа во училиштата за да го полагаат тестот.

Средношколскиот пленум на својот ФБ и Твитер профил објави фотографија на која се гледа известување од серверот дека постои грешка, односно „дистрибуцијата на тестовите не е започната“.

“Прв ден од екстерното тестирање за учениците од IV година, системот падна. Како реформиве, министре?”- прашаа од СП

Прага: Ако Грција и Турција не дејствуваат против мигрантите, имаме план за контрола во Бугарија и Македонија

Од МОН пак велат дека екстерното тестирање на матурантите почна и се одвива непречено

min-obrazovanie-s

“Процесот на екстерно тестирање на учениците од завршните години во средното образование почна денеска и се одвива непречено, а во дел од училиштата е и целосно завршен. Започнат е процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, кој ќе трае заклучно со 29 јануари. Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и набљудувачи, во овој момент процесот се одвива непречено, а во дел од училиштата е и целосно завршен”- се вели во соопштението na Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.

Во него се додава дека во оваа фаза процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на учениците ќе опфати вкупно 19.931 ученици од завршните години во средното образование кои ќе бидат тестирани по 1.662 предмети за кои беа генерирани и јавно достапни 85.000 прашања.

Слични содржини