Панчевски во интервју вели дека очекува реизбор, повторно со напади против Неделкова

од Vladimir Zorba

Пренесуваме дел од интервјуто на претседателот на Осоновниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, за Прес24 во кое продолжува со „војната“ против претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

pancevski

ПРЕС24: Неодамна и претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова директно изјави дека Вие не заслужувате уште еден избор. Таа вели дека, иако ве промовирала, сепак долго време до нејзе доаѓале укажувања од судии за вашето работење?

ПАНЧЕВСКИ: Долго време овој суд не може да се одвои од мрачното време на Лидија Неделкова. За нејзиното работење и резултати сведочат неизготвени извештаи и хаотично работење за сите години на нејзиното претседателствување со Кривичниот суд кој како претседател го затекнав во очајна состојба во 2012 година каде судското менаџирање беше доведено до колапс. Ми беше потребна  скоро цела година да го изменаџирам остатокот на нерешени предети и неажурното и бавно постапување без процедури и задолженија, за што сведочат и извештаите кои ги имам доставувано до  Судскиот совет. Не би потсетувал на блискоста и личните контакти на поранешната претседателка со афирмирани адвокатски канцеларии и истакнати политички личноти и личности од бизнис сферата.

Не е точно дека таа ме промовирала, како што таа наведува,  јас би се срамел да било тоа така, и не знам каква е таа промоција на судија и со што е пропишана. Но затоа знам за нејзините обиди за мешање и влијание во работењето на Кривичниот суд и во „промоции“ на судии во овој суд за што сведочат и таканаречените бомби, кои ни самата не ги негира. Особено се интересни промоциите на овие 15 судии кои неодамна беа објавени со скратени потписи како луќе блиски до неа, секога незадоволни и спремни за акција по нејзин барање.

Долго време ми требаше да ја затворам црната страница на Лидија Неделкова бидејќи времето ќе покаже дека и од нејзиното менаџирање и со највисокиот суд – Врховниот суд на Р.Македонија ќе останат само празни страници во македонското правосудство, што останува без коментар.

Само за илустрација, од големиот број барања и дописи кои како суд сме ги имале до највисокиот суд кои останале неодговорени или сме биле одбиени, би ги споменал проблемите со кои како суд се соочувавме со обезбедување на големата сала во Врховниот суд која беше неопходна за одржување на судењето за Диво Наеље на која имаше интерес да присуствуаат медиуми, невладини организации, амбасадори и роднини на обвинети, а Неделкова пред сите нив тврдеше дека судската сала била за свечености не за судења, примерот со затворање на рампата која води до паркингот на Кривичниот суд, па судиите на овој суд немаше каде да ги паркираат своите возила за кое пишуваа медиумите, пријавите поднесени  против мене преку адвокатска канцеларија блиска до неа и нејзиниот бизнис роднина и за многу други кои беа приемр за нејзин потсмев во јавноста.

Во нејзиното телевизиско излагање како Претседателката на Врховниот суд јавно ме обвини мене и судиите на овој дека сме помагале на одредени обвинети политичари во постапките на СЈО што од нејзина страна претставува скандалозна изјава бидејќи и самата знае дека сите одлуки согласно закон се преиспитувани од повеќе истанци, па затоа нејасно е какво би било тоа влијание. Секој кој има основно познавање на правосудството знае дека  јас како претседател на судот и како судија ниту сум учествувал ниту сум можел да учествувам во сите одлуки на судот по предметите на СЈО.

Зад мојот мандат остануваат конкретни резултати за еден претседател на суд, како подигнување на транспаретноста на судот, решавање на оставените нерешени предмети од претходниот претседател, воведување на новитети за олеснување на пристапот на странките во предметити и граѓаните до бараните услуги од судот, олеснување на заторските спроводи како и електронско издавање на потврди за посета на притворени лица и Уверенијата за неосудуваност сето ова е  наведено во годишните извештаи и ќе биде наведени и во ниовиот извештај за тековната година.

ПРЕС24: Очекувате повторен избор?

ПАНЧЕВСКИ: Оставам судскиот совет врз основа на сите квалитети на кандидатите да донесе одлука ценејќи ги  досегашни резултати во нивното  постапувањето како судии како и изготвените програми за работењето на судот. Секако дека врз основа на моите резултати и очекувам тоа да биде ценето и да добијам повторен избор, затоа и сум ја поднел и пријавата и сум изготвил програма за новиот 4 годишен мандат.

Слични содржини