Писмо до Ким Кардашијан од вработен во хотелот каде ја ограбија

од desk2

Консиержот, од хотелот во Париз каде се случи вооружениот грабеж на Ким Кардашијан, наводно напишал јавно писмо во врска со кражбата, изјавува “TMZ”.landscape-1475161459-hbz-kim-kimdarshian-balmain-getty-index

Откако започна истрагата за кражбата, Ким даде изјава на полицијата дека консиержот изгледал сомнително смирено, за време на вооружениот напад. 40-годишниот вработен од хотелот, чие име не е познато за јавноста, одговори на нејзината изјава со писмо кое беше објавено во француското списание “Closer”.

“Драга Ким, кога ќе го почувствуваш студениот челик од пиштолот на твојот врат, тоа е моментот кога смиреноста може да направи разлика на живот или смрт, и за двата наши животи. Се надевам дека се чувствуваш подобро” пишува тој.

Разбојниците наводно го впериле оружјето кон консиержот, му ставиле лисици и го присилиле да им ја покаже собата на Ким Кардашијан. Тој ги одвел напаѓачите кон приватниот лифт до апартманот на Ким и бил присутен за време на грабежот, изјавува “TMZ”.gallery-1475865091-gettyimages-612098718

Се уште не се направени апсења, но според деталите од истрагата, разбојниците биле 5 средовечни мажи со “европски изглед”. Во меѓувреме Ким се врати во нејзиниот дом во Лос Анџелес заедно со нејзиното семејство, повлекувајќи се од социјалните медиуми и од очите на јавноста поради нејзина лична безбедност.

Слични содржини