Ќе се прави нова анализа на Законот за високо образование е заклучокот од средбата на претставниците на Студентскиот и на Професорскиот пленум, министерот за образование Абдулаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристевски, министерот за финансии Зоран Ставрески и претседателот на Студентскиот парламент.

plenumci_predMon

По средбата, ректорот Велимир Стојковски излезе со соопштение во кое наведе дека „врз основа на излагањата било договорено низ отворен дијалог да се дојде до заеднички решенија за унапредување и обезбедување на квалитетот во високото образование“.

„Во таа насока беше заклучено да се формира работна група со претставници на Универзитетот, вклучувајќи ги и Студентскиот и Професорскиот пленум, како и претставници од МОН, која во рок од 30 дена ќе изготви анализа на состојбите, врз основа на која ќе се дефинира концептот за изработка на законски текст за високото образование. Истовремено беше договорено во наредните денови да се одржи работна средба во истиот состав“, соопшти ректорот.
Студенсткиот пленум од своја страна на дискусијата инсистирал на за нив нив најважното барање- комплетно нов закон.Тие веќе неколку пати посочија дека одложувањето на спорните измени, межу кои државниот испит се недоволни, и пред се несуштински. Дали и до каде се сретнале во ставовите пленумите и владиниот тим е за сега непознато. Она што е единствено извесно е дека во наредните денови треба да се утврди методологојата на работењето, и да се формираат правни тимови кои ќе бидат вклучени во изготвувањето на законски текст за високо образование.

Слични содржини