По Нов Зеланд силен земјотрес ја погоди и Аргентина

од desk3

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Аргентина, во близина на границата со Чиле, соопшти геофизичкиот институт на САД, пренесува ТАСС.

download-2

Епицентарот се наоѓал на 27 километри од градот Чилесито и 82 километри северозападно од големиот град Ла Риоха, на длабочина од 101 километр.

Нема информации за жртви и причинета материјална штета.

Претходно денеска, во истата област беше регистриран земјотрес со интензитет од 5,7 степени./МИА

Слични содржини