Победа на Трамп прогнозира експерт, претпоставката била точна за изборите во САД од 1984 година

од Vladimir Zorba

Кандидатот за претседател на републиканците Доналд Трамп оди кон победа на изборите во ноември. Така смета познатиот американски историчар и политиколог, професор Алан Лихтман, соопштува The Washington Post.

image_5840855_126

За прв пат оваа прогноза тој ја објави пред еден месец, иако последните недели, според аналитичарите и медиумите во САД, тие беа прилично неуспешни за кандидатот за претседател.

“Со можна најмала предност што може да се замисли, моите индикатори продолжуваат да покажуваат победа за Трамп”, вели тој.
Весникот потсетува дека Лихтман точно ги претскажал победниците во сите претседателски трки во САД уште од 1984 година, па наваму. Професорот прави оградување дека ситуацијата може да се промени во секој момент, вклучувајќи поради непредвидливоста на самиот Трамп.

Во меѓувреме ФБИ, вчера вечер предизвика шок во бранот од предизборната кампања во САД, откривајќи дека ја обновува истрагата за користењето на Хилари Клинтон на приватниот мејл сервер, додека беше државен секретар, пишува весникот The Times.
Веста беше соопштена по отворањето на нови пораки, за кој од ФБИ велат дека “изгледа се однесуваат кон истрагата” и кои може да содржат државни тајни.

Тоа станува десет дена пред изборите, а анкетите – даваат солидна предност за Клинтон – односно даваат знаци за зголемена поддршка за Доналд Трамп, кандидатот на републиканците. Кандидатот на демократите за претседател на САД Хилари Клинтон ги повика ФБИ да го открие сетот на информации по откривањето на нови пораки и да истражи за користењето на приватниот сервер додека била државен секретар, пренесоа Fox News.

Директорот на ФБИ “сам рече дека не знае дали пораките сеа важни или не”, рече Клинтон пред новинарите во Ајова. “Уверена сум дека какви и да се, нема да го променат заклучокот од јули. Затоа е важно бирото да објасни овао прашање, без да се одолговлекува “, рече уште Клинтон.

Слични содржини