Починат маж пронајден мртов на улица во Скопје

од Vladimir Zorba

Педесет и петгодишниот Д.И. од село Долно Количани синоќа во 20:30 часот бил пронајден мртов на улицата „Петар Поп Арсов“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Слични содржини