Поддршката на Албанците за СДСМ продолжува да расте

од desk2

Неуспехот на албанските партии да го унапредат уставниот и правниот статус на Албанците во Македонија се очекува целосно да ја промени политичката рамнотежа на следните парламентарни избори во земјава. Поранешниот политичар, Хисни Шаќири, оценува дека вртењето на албанските гласачи кон СДСМ е израз на незадоволство од албанските политичари кои го користеле националното прашање повеќе од две децении, само за да се збогатат, информира Алсат М.

По последните избори, каде еден значителен дел од Албанците застанаа зад лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев, една последна анкета покажува зголемување на поддршката на Албанците за СДСМ, дури и рангирајќи ја оваа партија на прво место кај Албанците пред ДУИ и Движењето Беса.

„Ова говори за неуспехот на албанските политички партии во Македонија, особено партиите кои ги претставуваа Албанците во минатиот состав. Во текот на процесот не се покажа интерес за зачувување на националните интереси од страна на ДУИ и ДПА и тоа кај населението доведе до разочарување до таква мерка што во тој момент себеси се видоа во македонските партии. Јас велам дека тоа е голема грешка.“ – изјави Хисни Шаќири, поранешен политичар.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини