Познатите личности изразија поддршка за Ким Кардашијан по вооружениот грабеж

од desk2

Таа беше сурово нападната на социјалните медиуми, веднаш по веста за грабежот, од страна на многу луѓе кои очигледно не се нејзини фанови. Меѓутоа Ким Кардашијан доби и поддршка од неколку познати личности.390c922a00000578-3819268-image-m-13_1475482794359

Таа беше нападната во Париз во хотелот во кој престојуваше. Двајца маскирани мажи, преоблечени како полицајци, насочиле пиштоли кон риалити ѕвездата, во нејзината собата и наводно украле накит вреден 8.5 милиони фунти, пренесува “DailyMail”.3909cdf900000578-0-image-m-105_1475476697766

Откако нејзиниот портпарол го потврди грабежот и изјави дека таа е многу потресена, но не е физички повредена, 38-годишниот водител Џејмс Корден, ја одбрани Ким Кардашијан на неговиот твитер профил. 390c786f00000578-3819173-image-a-14_1475480464089

Тој напиша: “Луѓето што во моментов се шегуваат на сметка на Ким Кардашијан, треба да се потсетат дека таа е мајка, ќерка, жена и пријател. Бидете љубезни или замолчете.”

Манекенката Криси Тајген, која е добра другарка на Ким исто така се обрати на твитер откако еден од корисниците иронично праша “дали луѓето треба да ја жалат богатата Ким”.kim-kardashian-chrissy-teigen

“Никој не ве моли за вашето сочувство. Знам дека за вас е нормално да ги мразите славните личности. Ве молам немојте да си мислите дека јас мислам дека ѕвездите заслужуваат специјално внимание. Само едноставно недостига сочувство, општо кон сите.” напиша таа.

Британската пејачка и актерка Синтија Ериво исто така изјави на твитер:

“Мило ми е што Ким Кардашијан е во ред! Ниедно човечко суштество не го заслужува она што го претрпи таа, изминатава недела.”

Слични содржини