Прашањето за демаркација со Косово за Црна Гора е завршено

од desk3

Прашањето за демаркација со Косово за Црна Гора е завршено, изјави министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.  “Имаме многу добри односи со Косово и не се сомневаме дека така ќе продолжиме. За Црна Гора ова прашање  е заршено и нема да се навраќаме на него”, рече тој.

“Веруваме во демократските капацитети на институциите во Косово и стрпливо ќе чекаме конечно решение за разграичување со Косово”, наведе Дармановиќ. Новиот косовски премиер Рамуш Харадинај, штом стапи на чело на владата, ја распушти Комсијата за демаркација на границата со Црна Гора.  Харадинај и неговата Алијанста за иднината на Косово го обвинија поранешниот шеф на Комисијата дека дејствува против интересите на Косово и дека Косово губи територија, а ревизијата на процесот на демаркацијата било едно од првите ветувања на новиот премиер пред да стапи на должност наведува “Gazeta ekspres”.

Се јави и амбасадата  на САД со порака дека, САД не подржува било каква друга верзија освен Договорот за ова прашање потпишан 2015 година, пренесуваат приштинските медиуми на албански јазик.

 

Слични содржини