Пратеничката Рангелова осомничена за пополнување уплатници наменети за ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

По експремиерот  и поранешен генерален секретар Емил Димитриев, денеска во СЈО влезе пратеничката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова, која посочи – зошто е осомничена во случајот „Талир”.

„Осомничена сум за организирање група луѓе за пополнување уплатници во 2010 година. Јас не сум донирала средства во 2010 година во партијата. Значи, не сум осомничена за донирање, туку за организирање за пoполнување уплатници за партијата”, рече Рангелова.

Таа додаде дека сакала исказ да даде, но од СЈО и било објаснето дека процедурата е поинаква, т.е. дека првин треба да побара увид во доказите против неа. Рангелова рече дека во 2010 година немала партиска функција, дека била само член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

 

Слични содржини