Правта на Кастро ќе ја обиколи Куба, сестра му која е соработничка на ЦИА нема да оди на положувањето на урната

од desk3

По кремирањето на починатиот кубански лидер Фидел Кастро правот ќе ја обиколи земјата до положувањето на урната на 4 декември, соопштија светските агенции. Куба е во деветдневен жалост по смртта на Ел Каменданте во петочната ноќ. Откажани се сите прослави, а знамињата се спуштени на половина во негова чест. Тридневна жалост прогласи и Венецуела, со чиј покоен претседател Уго Чавес Кастро одржуваше силна врска.

56a0b641b7a0c1762e68bb467ce42ac25c5c9b16cce48f6f2ab72eeeec742ec3_1

Официјалната погребна церемонија е закажана за 4 декември.

Помалата сестра на Фидел Кастро – Хуанита, која со години живее во американскиот град Мајами, изјави дека нема да оди на погребот на својот брат, пренесе ТАСС.

“Во врска со нездравите гласини дека сум заминала за Куба за погребот, сакам да расчистам дека никогаш не сум се вратила на островот и не планирам да го правам тоа”, изјави Хуанита Кастро.

“Пред 51 години заминав во егзил во Мајами како сите оние Кубанци кои ја напуштија, за да бараат место каде што можат да се борат за слободата на својата земја”, рече таа.

“Јас никогаш не го променив својот став, иако требаше да платам висока цена за неа”, изјави сестрата на Фидел Кастро. Таа, сепак, додаде дека и покрај идеолошките разлики со својот брат, со горчина дознала за неговата смрт. “Како сестра на Фидел сега ја доживувам загубата на човекот со кого бевме една крв. Истото беше кога умреа брат ми Рамон и сестра ми Анхелита”, рече Хуанита Кастро.

Таа изрази надеж дека по смртта на нејзиниот брат Кубанците ќе можат да “најдат пат, кој на крајот ќе го обедини целиот народ”.

Хуанита Кастро ја напушта Куба во 1964 година, откако постојано упатува откриени критики против власта. Подоцна признава дека од 1961 година соработувала со ЦИА.

Смртта на Кастро предизвика бројни реакции на светските лидери.

Слични содржини