Договорот за примирје во северниот сириски град Алепо влегува во сила повторно по интензивните преговори во текот на ноќта, објави утринава воена медиум на либанското шиитско движење Хезболах, цитирано од Ројтерс.

Овие контакти  вклучиле “повторна консолидација” на прекинот на огнот со цел отстранување на вооружените бунтовници од источните квартови на Алепо во следните неколку часа, се вели во пораката.

Либанското движење и неговиот заштитник Иран се борат на страната на сирискиот претседател Башар Асад во конфликтот во земјата. Хезболах активно учествува во битката за Алепо.

Жителите на бунтовничкиот енклава во северниот сириски град изразија надеж дека  нестабилниот договор за примирје сепак дќе почне да се почитува, за да може цивилните и повредените да бидат евакуирани, пренесе ДПА.

Агенцијата наведува дека новиот прекин на огнот влезе во сила во текот на ноќта и иако борбите не  стивнаа, има пораки за судири, вклучувајќи за бунтовнички напади врз позиции на владините сили и цивили области.

Оригиналниот договор за примирје договорено со посредство на Русија и Турција, требаше да стапи во сила вчера. Тоа, сепак,  и не се случи иако многу  луѓе залудно чекаа во студот и дождот да бидат евакуирани.

ПО НАРЕДБА НА ПУТИН ОСТАНАТИТЕ СИРИСКИ БУНТОВНИЦИ ВО АЛЕПО ЌЕ БИДАТ ПРЕФРЛЕНИ ВО ИДЛИБ

Новиот договор предвидува прво да бидат отстранети цивилите и повредените, а бунтовниците – во наредните денови, забележуваат агенциите. Останува нејасно дали борците ќе можат да ја напуштат Алепо со лични оружје, а каква ќе биде судбината на членовите на групата Џебхат Фатах аш нусри, која до неодамна беше филијалата на Ал каеда во Сирија пред да раскине со терористичката мрежа и да го смени старото име Џебхат ан Нусра не се знае.