71
Косовското обвинителство подигнало обвинение против имам кој поттикнувал меѓуетничка омраза и агитирал луѓе да се приклучуваат кон терористички групи во Сирија и во Ирак и да вршат терористички напади.
Обвинителството соопшти дека имамот е обвинет и за прикривање даноци.
Според обвинението, во периодот 2013-2014 година имамот при проповеди и на социјални мрежи, повикувал луѓето да заминуваат во конфликтни зони во Сирија и во Ирак и да вршат терористички напади.
Ако биде прогласен за виновен може да добие до 8 години затвоска казна. Околу 70 косовски Албанци се моментно на боишта во Сирија и Ирак, а косовските власти тврдат дека во изминатите 18 месеци нема нови доброволци.