Продажбата на албумите на The Cranberries се зголеми за 900 000% – по смртта на пејачката Долоре О’Роирден

од desk4

Продажбата на албумите на ирската рок група The Cranberries на Амазон се зголеми за 900.000%, веднаш по веста за смртта на нивната пејачка Долоре О’Роирден. Ова беше објавено од страна DailyMail.

Таа умре ненадејно во Лондон на 46 годишна возраст. Се очекува дека причините за смртта да бидат откриени. Според Амазон на прво место е последниот албум на бендот – Something Else.

Неговата продажба се зголеми за 913.350%. Вториот е соло албумот на пејачката “Are You Listening”. Третото и четвртото место исто така им припаѓаат на албумите на групата. На дијаграмот на iTunes групата е на петтото место на листата за синглови со песната Linger.

Слични содржини