Продолжение на собраниската блокирана и режирана расправа за разрешување на Зврлевски!

од Vladimir Zorba

   Засега пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја блокираат расправата со беспредметни реплики и јавувања за збор се со цел да се спречи разрешувањето на Марко Зврлевски, а со тоа и дејствувањето на јавното обвинителство за криминалите на претходната власт и нивниот лидер Никола Груевски

Собранието на Република Македонија ќе го одржи 12-то продолжение на шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед, стои, меѓу другото, во предлог-текстот.

Засега пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја блокираат расправата со беспредметни реплики и јавувања за збор се со цел да се спречи разрешувањето на Марко Зврлевски, а со тоа и дејствувањето на јавното обвинителство за криминалите на претходната власт и нивниот лидер Никола Груевски

На дневен ред на 6. седница се над 30 точки, Годишниот извештај на Народниот правобранител за почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права, информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга, годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година, предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година, предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година

Слични содржини