Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Претпладне во западните делови се уште ќе има услови за провејување на снег. Попладне облачноста ќе се намалува.4550470

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне со сончеви периоди.

Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до пет степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и малку потопло. Утре дневните температури ќе се движат од шест до 12, а во недела од пет до 14 степени. В недела по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

 

Слични содржини