Пронајден мртов маж во тетовско Палчиште

од desk2

Мртов маж е пронајден во тетовското село Палчиште, во канал меѓу две ниви во местото Пропаст, информираат од тетовската полиција.

Се работи за 77-годишен маж од селото. Телото го пронашле неговите внуци, кои веднаш го пријавиле случајот во полиција.

Јавен обвинител, екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид. На безживотно тело немало пронајдени траги на насилство. Со наредба на јавен обвинител, телото му е предадено е на семејството.

Седумдесет и седумгодишниот човек претходниот ден се оддалечил од дома и бил пријавен за исчезнат, а подолго време се соочувал со одредени здравствени проблеми./Meта

Слични содржини