Договор за разрешување на политичката криза не е постигнат, но сепаксите седнаа на заедничка маса.Не се договорени ниту темите за кои ќе се преговара, но насоката сепак е дијалог, и се тоа треба да почне во Понеделник, ден по по протестот на опозицијата или на денот на контрапротестот на власта.

017894965_30300

Никола Груевски, Зоран Заев беа крајно спротиставени,  додека Али Ахмети и Мендух Тачи  дури и испија кафе и си запалија по една цигара зедно.

Колку за да нема разгласие сите објавија заедничка писмена изјава: со неа се поддржуваат демократските вредности, правото на мирен протест и евро-атлантската агенда, и се осудува насилството во криминални или политички цели.

taci_i_ahmeti

„Ова не беше политички дијалог, туку обид да се воспостави рамка за политички дијалог, но исчекор нема“, изјави Зоран Заев. Најави дека опозицијата нема намера да се врати во Собранието доколку Владата не поднесе оставка и нема намера да се откаже од својата политичка агенда, за оставка на Груевски и формирање на преодна влада.

По средбата, Груевски изрази подготвеност за дијалог во кој ќе се разгледуваат прашања од интерес на државата, и прецизен дека нема намера да си дава оставка.

 

„Го ценам тоа што бев поканет како набљудувач и се радувам на следната средба“, напиша синоќа американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, на својот Твитер профил, неколку часа по завршувањето на лидерската средба на Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Бејли и неговиот европски колега Аиво Орав, беа поканети и учествуваа како посматрачи на средбата на четворицата лидери на најголемите партии во власта и во опозицијата, бидејќи тоа беше условот опозицијата  и Зоран Заев  да седне на преговарачката масасо Никола Груевски

Слични содржини