Во вечерашната Топ Тема се разговараше за потребата работата на анкетната комисија да биде отворена за јавноста. Затвореноста на сведочењата на државните функциониери се оцени како штетно за демократските процеси во државата.

top_tema_18

Само јавноста може да биде силен фактор, и судија, и затоа мора да биде отоврено , јавно , затворените сослушување се катастрофа за демократија,вели лидерот на ДС и пратеник Павле Трајанов.  Не треба да се бега ниту од одговрноста ниту од јавноста, тоа е целта на анкетната комисија и парламентарната демократија вели Трајанов.

Тие  победија на избори и мора да бидат одговорни пред парламентот, ама тие не го почитуваат парламентот и ги исклоцаа колегите парламентарци.  Апсолутната власт не е дека владата е над парламентот по Устав, тие мора да се соочат со својата обврска и одговорност а не со непочитување на парламентот вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во Топ тема  за работата на анкетната комисија.

видео Тука

Слични содржини