Заедничката средба на работните групи потписнички на договорот од Пржино е одложена за во 15 часот затоа што се уште траат билатералните средби на политичките партии, им рече на новинарите пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

silvana-boneva

Работните групи имаат одделни средби со европскиот олеснувач Питер ван Хојте по што ќе одржат заедничка средба во Клубот на пратеници на која треба да се договорат за изборот и начинот на одлучување на државната изборна комисија и гласањето на дијаспората.

Oлеснувачот Питер ван Хојте на средбата треба да достави нацрт-предлог на изборниот закон кој ќе го презентира пред претставниците на политчките партии.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека дијаспората треба да гласа како на претходните парламентарни избори, СДСМ, пак, е за гласање на дијаспората, но нивниот глас да биде еднаков со гласот на граѓаните во Македонија, а ДУИ и ДПА се согласни дијаспората да не гласа.

МЕТА

Слични содржини