Во периодот од 19 јуни до 27 јули издадени се вкупно 2.065 дозволи за престој на странски државјани, од кои на 267 деца придружувани со родител, и 191 на деца без нивните родители. Најголемиот број мигранти доаѓаат од Сирија, вкупно 15.290, потоа следат Авганистанците 1.543, Иранците 1.172, Пакистанците со  вкупно 676 и лица од другите земји од Блискиот Исток.

Во јавно здравствените установи пружена е здравствена заштита на 265 мигранти, посочуваат исто така извори од  МВР.

На влезна точка Гевгелија, согласно препораките на Светска здравствена и организација на мигрантите овозможена им е вакцинација против сипаници, заушки и црвенка (МРП), како и против детска парализа (ПОЛИО), за која досега се согласиле да ја примат и се вакцинирани 50 лица.

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст изминатиот викенд пружиле прва помош на вкупно 370 лица, од кои 169 интервенции на мигрантите кои пристигнале на железничката станица Табановце, а останатите 201 интервенции на желеничката станица во Гевгелија.

Слични содржини