Реафирмирана поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО

од desk2

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, во рамките учеството на Меѓународниот безбедносен форум во Рига, денеска имаше средба со Роберт Питинџер, американски конгресмен и претседател на Конгресната работна група за тероризам и неконвенционално војување и иницијатор на овој Форум, соопшти собраниската прес­служба.

На средбата беа разменети видувања за прашања поврзани со безедноста во регионот, борбата против тероризмот и сајбер­криминалот, како и потребата од стратегија за сајбер­одбрана.

Џафери информираше дека Република Македонија, во тесна соработка со САД, ЕУ и НАТО, е во процес на изготвување на Стратегија за сајбер­одбрана, со која ќе се зајакнат капацитетите на државната безбедност. Тој ја истакна подготвеноста на Собранието на Република Македонија да биде домаќин на Парламентарниот безбедносен форум во наредните години, со што ќе им се овозможи на парламентарците, претставниците на владите и експертите да разменат поблиски искуства во доменот на овие безбедносни предизвици.

Соговорниците споделија заемни уверувања дека билатералната соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Конгресот на САД и натаму ќе се одвива на пријателски и конструктивен начин. Во овој контекст беше реафирмирана поддршката на САД на Република Македонија на планот на интеграцијата во НАТО.

Слични содржини