Одлуката на Британците на вчерашниот референдум за излез од ЕУ очекувано предизвика противречни реакции во останатите земји членки на Унијата. брит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск утринава заминувајќи на состанокот со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, челникот на Европарламентот, Мартин Шулц и со премиерот на Холандија, Марк Руте, изјава дека „неможе да се сокрие фактот дека Унијата сакаше поинаков исход од вчерашниот референдум“.

– Јас сум целосно свесен за тоа колку е сериозен, па дури и колку е драматичен овој момент на политичко ниво. Не постои начин за предвидување на сите политички последици од овој настан, особено за Велика Британија. Но, сигурно е дека ова не е момент за хистеричните реакции. Сакам да ги уверам сите дека ние сме подготвени и за оваа негативно сценарио. Како што знаете, ЕУ не е само еден коректно-временски проект, истакна Доналд Туск.

Претседателот на Евросоветот додаде и дека во текот на изминатите два дена тој разговарал со сите лидери земјите членки на ЕУ, како и со раководителите на институциите на Унијата во врска со можноста од Брегзит.

– Денес, во име на лидерите на 27 земји можам да кажам дека ние сме решени да го задржиме нашето единство како дваесет и седум. За сите нас, Унијата е рамка за нашата заедничка иднина. Исто така, сакам да ве уверам дека нема да има правен вакуум. Додека Велика Британија официјално ја напушти Европската унија, правото на ЕУ ќе продолжи да се применува и во рамките на Велика Британија. И со ова мислам и на правата и обврските, додаде Туск.

На крајот во неговото обраќање до јавноста, првиот човек на Европскиот совет истакна дека сите постапки за повлекување на Велика Британија од ЕУ се јасни и утврдени во договорите. Со цел да се разговара околу деталите за натамошните постапки, тој поосчи дека веќе им понудил на лидерите да се одржи неформален состанок на 27 земји-членки на маргините на Самитот на Европскиот совет. Исто така, Туск ќе им предложи на лидерите да започнат со поширока рефлексија за иднината на Унијата.

– На крајот, точно е дека изминатите години беа најтешките во историјата на нашата Унија. Но, секогаш се сеќавам на она што ми го велеше татко ми: „Она што нема да те убие, те прави посилен!“, заклучи Туск.

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска закажа итен состанок на Владата откако граѓаните на Велика Британија на референдум одлучија земјата да ја напушти Европска унија.

Канцеларијата на Оланд соопшти дека состанокот ќе биде за иднината на Европа.

Белгискиот премиер Шарл Мишел побара лидерите на ЕУ да одржат затворена седница во јули, на која „ќе се определат приоритетите и да се трасира нова иднина за Европа“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан истана дека одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ покажува дека Брисел мора да го слуша народот на народот и да даде добри одговори за клучните прашања, како што е миграцијата.

Тој оцени дека Британците не се задоволни од политиката на ЕУ за мигрантската криза.

– Зошто Унгарија е во ЕУ? Унгарија е во ЕУ бидејќи веруваме во силна Европа. Сепак, Европа е силна само ако може да одговори на големите проблеми, како што е имиграцијата. ЕУ не успеа на тоа да одговори, истакна Орбан.

Германскиот министер за надоврешни работи Франк-Валтер Штајнамјер во својата реакција на резултатите од референдумот изјави дека „денеска е тажен ден за Европа“.

– Веста од Велика Британија е навистина разочарувачка. Ова е тажен ден за Европа и за Велика Британија, наведе Штајнамјер на Твитер профилот на германското Министерство за надворешни работи.

На својот Твитер профил германскиот вице-канцелар и министер за економија Зигман Габриел напиша: „По ѓаволите. Лош ден за Европа“.

По повод резултатите од референдумот во Велика Британија се огласија и шефот на полската дипломатија Витолд Вашчиковски, како и чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

За Вашчиковски резултатите од референдумот се лоша вест за Европа и за Полска.

– Тоа се лоши вести за Европа и за Полска. Тоа е голема дилема за еврократите, сите сакаме да останеме во ЕУ, но прашањето е во кој облик, посочи Вашчиковски.

Соботка истакна дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ не значи крај за Унијата.

Јапонскиот министер за финансии Таро Асо изјави дека е „екстремно загрижен“ поради последиците и ризиците врз глобалните финансиски пазари по одлуката на Британците за излегување од ЕУ.

Европската народна партија (ЕПП), кој е најбројна групација во Европарламнетот, оцени дека сега преговорите за британското напуштање на ЕУ треба да завршат брзо во двегодишен период, како што е наведено во Лисабонскиот договор.

Партијата на европските социјалисти изрази длабоко жалење за резултатите од референдумот во Велика Британија.

– За нас тоа е голем чекор назад и за ЕУ и за Велика Британија. Длабоко сум потресен од резултатот. Веруваме дека одлуката за останување ќе беше подобра, но го почитуваме изборот на британскиот народ, изјави претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев.

Спротивно од проевропските сили, десничарските и радикалните партии низ Европа слават откако Британците изгласаа напуштање на ЕУ.

Францускиот Национален фронт истакнува дека тоа е победна на антиевропските и антимиграциските позиции во Европа и побара организирање референдум и за излез на Франција од ЕУ.

– Слободата на народот секогаш победува! Честитки, Велика Британијо! Сега нам ни е редот!, изјави Флоријан Филипот, потпретседател на Националниот фронт.

Холандскиот антимигрантски десничар Герт Вилдерс исто така побара референдум за излез на Холандија од ЕУ.

– Сакаме промена во нашата земја. Сакаме наши пари, наши граници, наша миграциска политика, истакна Вилдерс.

Слични содржини