Роботи ќе го обезбедуваат хотелот на Трамп во Ерусалим

од Vladimir Zorba

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се очекува да го посети Израел на 22 мај, ќе биде сместен во хотелски апартман, заштитен од бомби и отровен гас. Според американската телевизија Ен-Би-Си, зградата ќе биде обезбедувана со помош на роботи. Трамп ќе биде сместен во хотелот со пет ѕвезди “Цар Давид”.

Неговиот менаџер Шелдон Риц изјави за телевизискиот канал дека “претседателските апартмани се со посебен вентилациски систем во случај на напад со отровен гас. Покрај тоа, тие се дизајнирани да издржат напад со рачна граната”.

Цената за ноќевање е 5700 долари. Риц изјави дека обезбедувањето на Трамп ќе носи со себе непробојно за куршуми и ракети стакло што ќе се монтира на надворешната страна на прозорците.

Слични содржини