Руски војник подгревал ручек, па го запалил тенкот (Видео)

од desk2

Еден руски војник, подгревајќи го ручекот на терен на Крим. успеал да уништи оклопен транспортер BTR-82, чија вредност е околу 400.000 евра.

Војникот Семен Мережњиков ископа дупка покрај оклопното возило и во неа запали оган за да ја згрее својата конзерва со ручек.

Меѓутоа пламенот го зафати оклопниот транспортер и потполно го уништи, бидејќи тој беше покриен со маскирна мрежа и сува трева, па огнот брзо се прошири.

Оваа незгода можела да биде уште потрагична затоа што на видеото се гледа како додека војникот му објаснува на надредениот офицер што се случило, гаси руски лансер за гранати зафатен од огнот.

https://www.youtube.com/watch?v=O0YYWl6VXac

Војникот е казнет со шест месеци затвор.

Слични содржини