Државното обвинителство на Русија ќе ги провери податоците во медиумите за Русите кои имаат офшор-компании и сметки, соопшти денеска рускиот заменик обвинител Александар Куреној.

208596_750x480_crop_56abf08be4654

Тој истакна дека главна цел на проверката е да се утврди дали „дејствувањето на граѓаните во споменатите документи е во согласност со руското законодавство, основните меѓународни права и обврските пред меѓународната заедница во борбата против корупцијата и перењето пари“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека претседателот Владимир Путин е „главна мета“ на „Панама пејперс“ и оти тој не е вмешан во никакви финансиски измами.

 

META

Слични содржини