Претседателот на САД, Барак Обама побарал земјата да прифати најмалку 10.000 сириски бегалци во следната година, објави “Ројтерс”.

obama-boston-maraton-628x320-10365
– Бројката го одразува значителното зголемување на ангажманот на САД за прифаќање на бегалците од земјата разорена од војната и осигурување на нивните животни потреби, соопштија од Белата куќа.
Од почетокот на воениот конфликт во Сирија пред 4 години, САД прифати само 1,500 Сиријци.
Белата куќа соопшти дека ќе даде околу 4 милијарди долари за хуманитарните агенции за олеснување на бегалската криза во Европа, каде што десетици илјади луѓе од Блискиот Исток бараат заштита.

Слични содржини