Сара Џесика Паркер -среќна во животот, несреќна на екранот

од Vladimir Zorba

Ѕвездата од “Сексот и градот” и “Развод” Сара Џесика Паркер посети официјален настан со целото семејство.

Актерката беше заедно со нејзиниот сопруг Метју Бродерик и нивните три деца – 14-годишниот Џејмс и 7-годишни ќерки-близначки Марион и Табита за време на мјузиклот “Чарли и фабриката за чоколада”, кој беше претставен во Бродвеј.

52-годишната ѕвезда избра за настанот да е во шарен фустан и метално зелена јакна. Девојките исто така избраа стилски и шарени нијанси, а сопругот  Бродерик претпочиташе порезервиран класичен стил, забележува OK Magazine.

Очигледно во реалниот живот Сара Џесика Паркер е среќна и се очекува наскоро да се снима во втората сезона на “Развод”, каде хероината се наоѓа во врвот на кризата на семејниот живот.

Слични содржини