СДСМ: Димовски да се појави во Собрание и да не ги попречува демократските процеси

од desk2

Илија Димовски не може да зборува за медиумите и за судството, бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години посветено работеше на уништување на професионалните медиуми и против независна судска власт,“ се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Од СДСМ велат дека Димовски „наместо да зборува за прашања за кои со своите политики им наштетија на граѓаните, треба да прифати дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција.“

„Илија Димовски треба да ја исполни својата должност, како пратеник да биде присутен во Собранието, и да не се обидува по налог на Груевски да ги попречува демократските процеси. Независност на медиумите и професионално судство овозможува програмата на новата реформска влада,“ велат од СДСМ.

Слични содржини