СДСМ: Предупредивме дека ќе биде потребен нов итен увоз на струја, власта да не си игра со граѓаните!

од Vladimir Zorba

„СДСМ ја повикува власта во заминување да престане да крие информации од граѓаните за реалниот ризик домакинствата да останат без струја.

СДСМ укажува на претставниците на власта во заминување во државната компанија ЕЛЕМ дека имаат одговорност да работат исклучиво во интерес на граѓаните.

Реалноста е дека Македонија се соочува со недостиг на струја и како што вчера предупредивме денеска е распишан тендер за нов интервентен увоз на струја.

Во прилог на ова соопштение испраќаме официјален документ што го потврдува тоа.
Денеска се бара струја за 9 јануари и утре 10 јануари!

Како што објавивме вчера, на Божик бил распишан првиот тендер за итен увоз на струја за 7 и 8 јануари.

За претходните два дена набавена е струја по цена за 36 проценти повисока од дозволената увозна цена од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа граѓаните за два дена се оштетени 300.000 евра.

Да работеа блоковите на РЕК Битола за чии поправки граѓаните платија стотици милиони евра, сега ќе имаа струја и немаше да бидат оштетени ни денар.

Колку ќе ги чини граѓаните новиот увоз на струја, за што е утрото распишан нов тендер?

Претставниците на власта во државната компанија ЕЛЕМ не смеат да продолжат да ги лажат граѓаните.

Вистината е дека да не е увозот од странство, домакинствата ќе останат без и без струја и без греење на овие минусни температури!

Ако земјите од регионот што сега и даваат струја на Македонија, почнат политики на штедење струја поради студениот бран, граѓаните, семејства со деца, ќе останат без струја!

Предупредуваме дека за сите штети врз граѓаните ќе има одговорност.

Итно е потребна нова Влада на граѓаните на Македонија, којашто ќе се посвети исклучиво на нивните потреби“, соопштуваат од СДСМ.

Слични содржини