СДСМ со оптимизам , ВМРО ДПМНЕ во паника! Собранието утре ја продолжува конститутивната седница!

од Vladimir Zorba

 

По петдневна пауза, Собранието на Република Македонија утре треба да ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Почетокот на 13-тото продолжение на седницата е закажано во 11 часот.

Во досегашниот тек од расправата  повеќе беше отворена блокада од страна на пратениците и послушниците на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ отколку продуктивна дебата за конститутирање на парламентот. ВМРО ДПМНЕ не крие дека ја блокира работата и сакаат да редизвикаат нови избори и поништување на овие резултати. Тие се вадата со т. н „тиранска платформа“ а всушност не сакаат да одат во опозиција  наспроти големото парламентарно мнозинство кое притска  и за нова влада и за преземање на парламентот.

Фолклорот во овие 12 дека беше процедурални забелешки, со реплики се јавуваат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои бараат СДСМ да се откаже од платформата од Тирана и дека тоа, според нив, е клучот за излез од политичката криза или да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се во допир со точката на дневниот ред. Тие побараа да се стави на гласање нивниот предлог –  да се премине на новата точка – избор на претседател на Собранието.

Денечните партиски соопштенија најавуваат разрешница и решеност во оваа недела да се повлечат главните потези.

СДСМ најавува да го стави во функција парламентарното мнозинство ид ас е изгаса и претседател на парламент и нова Влада.

Груевски напразно моли да седне на преговарачка маса. Амнестија нема!   Ќе има правна држава којашто ќе важи за сите граѓани подеднакво.Парламентарното мнозинство од 67 пратеници, избрано на кредибилни избори ќе го избере новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија. Тоа ќе се случи многу брзо, според Деловникот, Уставот и законите, порачуваат од СДСМ во денешното соопштение.

Постои легитимно формирано парламентарно мнозинство коешто е власт во државата, зад кое што стојат најмалку 700.000 граѓани кои избраа промени на режимот.

Тоа мнозинство има обврска да ја спроведе граѓанската волја.

Исто така има обврска да ги спречи деструктивнте политики на Ѓорге Иванов и на Никола Груевски, што за криминални интереси на Груевски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја загрозуваат стабилноста на државата и квалитетот на живот на граѓаните.ЏАбе се пазари Груевски нема амнестија а ќе има правна држава се вели во денешното соопштение на СДСМ

ВМРО ДПМНЕ  во денешното соопштение панично во секој нов ред ,лидеорт на СДСМ го насловува Криминалец Заев и бара подршка од народот.

Криминалецот Заев и злосторничкото здружение во врвот на СДС упорно ја туркаат Тиранската Платформа и не се откажуваат од нејзината реализација спротивно на волјата на граѓаните.

Криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него за да дојдат на власт и да се спасат себе си од многубројните кривични прогони за криминалите кои ги извршиле се спремни во целост да ја реализираат платформата од Тирана.

Криминалецот Заев за својата лична амнестија за криминалите кои ги сторил е решен Македонија да ја направи двојазична, да ги прогласи за геноцидни сопствениот народ и држава, да го промени името на државата по грчки терк и во крајна фаза да ја федерализира Македонија.

Криминалецот Заев сето ова го прави мошне отворено и без срам ги лаже сопствените граѓани и гласачи. Мухамед Зекири од СДС лично потврди дека СДС прифатил се од Тиранската Платформа…. се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

НА дневниот ед на парламентарната седница прво е избор на претседател на комисијата за  изборите и именувањата , па потоа избор на претседател на Собранието кој кандидат е Талад Џафеи од редовите на ДУИ. Парламентарното мнозинство најави дека бара смена на редоследот и да се гласа  првин за претседател на парламентот , што секојдневно истото го попречува претседавачот на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Вељановски.

Согласно договореното, во Комисијата за прашања за  изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом. Сега има парламанетарано мнозинство но истото е блокирано паралелно од ВМРО ДПМНЕ преку Трајко Вељановски, и преку претседателот Иванов кој не го дава мандатот, со иста цел, да се предизвикаат нови избори  и да се поништат  резултати и силата на оваа парламентарно мнозинство, кое ВМРО ДПМНЕ го става во опозиција по дестегодишното владеење со Македонија.

Слични содржини