Села не го дава министерството за здравство, предложил министерство за носење бурек, што ќе му го даде на ДУИ

од desk2

По средбата со премиерот Зоран Заев, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, рече дека нема да дозволат со нивната партија да се однесуваат несериозно и дека договор за состав на Владата е направен кога се формираше Владата.

„Алијанса на Албанците останува со процесите на реформи. Ќе ги поддржуваме и ги поддржуваме. Сме биле активни актери за паѓање на режимот“, рече Села.

Тој додаде дека министерството за здравство треба да остане во рацете на Алијанса за Албанците.

„Остануваме на ставот дека нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ и со кои се омаловажува Алијансата за Албанците. Јас предложив друга позиција да смисли премиерот-заменик премиер за носење бурек која ќе му ја дадам на ДУИ. Ние го држиме министерството за здравство, договорот за ресори е направен кога се направи владата. Ако на некој му пречи успехот треба да излезе и да каже дека е проблем да имаме успешни министри“, рече Села.

Ако се одлучи сепак Венко Филипче да биде министер за здравство, партијата на Села потоа ќе зазема став, а нивни предлог за министер за здравство од нивните редови е Вулнет Ферати.

Слични содржини