Сенатот го одобри Пол Накасони за директор на НСА и Киберкомандата

од desk4

   Американскиот Сенат ја одобри номинацијата на Пол Накасони, за директор на Национална агенција за безбедност (НСА) и на Киберкомандата на САД.

Сенатот го одобри и унапредувањето на Накасони во чин генерал. Тој го замени досегашниот директор Мајк Роџерс, кој се пензионира.

Накасони има значајно искуство во областа на кибер безбедноста. Тој имал високи позиции во разузнавачките служби, раководел и со Киберкомандата на американските копнени сили и учествувал во операции на военото разузнавање во Авганистан, во Ирак и во Јужна Кореја

Слични содржини