Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Јапонија

од desk4

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон Јапонија, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Проектилот бил ланнсиран од околината на градот Пјонгсонг и бил насочен кон Јапонија на исток.

Јужна Кореја и САД ја анализираат траекторијата на движењена ракетата.

Според кабинетот на јапонскиот премиер Шинѕо Абе, проектилот паднал во морето во територијалните води на Јапонија.

Северна Кореја изврши слични ракетни тестирање и во август и септември, при што ракетите прелетаа преку Јапонија и паднаа во Пацификот.

Севернокорејците се заканија со лансирање на проектил и кон американската воена база Гуам, по што претседателот на САД, Доналд Трамп директно им се закани со „оган и ужас“ доколку го сторат тоа.

Најновата проба доаѓа една недела откако САД повторно ја ставија Северна Кореа на списокот држави кои спонзорираат тероризам.

Слични содржини