Северна Кореја се подготвува за ново лансирање на балистичка ракета пред претстојните воени вежби на САД и Јужна Кореја кои ќе започнат следната недела. Јужнокорејските медиуми јавија, дека Пјонгјанг подготвува „ракетен напад“ врз Гуам и „ги држи прстите близу до чкрапалото“.

Северна Кореја, воените вежби на САД и Јужна Кореја ги оценува како провокација и поради тоа можно е да подготвува одговор. Весникот „Донга Илбо“ пишува, дека сателитските фотографии покажуваат дека балистичките проектили монтирани на лансери се транспортираат од хангари во близина на Пјонгјанг.

Вашингтон и Сеул се сомневаат дека се подготвува лансирање на ракета што би можела да го погоди американското тло. Тоа би можеле да бидат интерконтиненталните ракети „Хвасонг-14“, што може да ја погоди Алјаска, „Хвасонг-12“ , што може да стигне до Гуам, или „Хвангсон-13“ што има потенцијал да го погоди западниот брег на САД.

Јужнокорејското Министерство за одбрана одби да даде коментар. Поморските вежби ќе ги предводи американски носач на авиони, а ќе траат од 16 до 26 октомври./МИА

Слични содржини