Шеќеринска: Луѓето кои влегоа во Собранието беа платени и пратени да не убијат

од Vladimir Zorba

Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска, во „Анализа“ на 24 вести рече дека 24 декември беше детска игра во однос на она што се случуваше синоќа во Собранието.

„Сега имавме обид за линчување на пратениците од луѓе кои беа платени и пратени.Имавме среќа што ова помина без жртви.Повеќе од 10 пратеници беа повредени, а највеќе Села. Во болница не можев дури да го препознаам. Најстрашното не беа повредите. Не делеше чекор до жртви. Луѓето беа дојдени да не убијат. Се дереа кои им беа таргетирани пратеници. Тоа беа 7-8 имиња. Полицијата дозволи да се шетаат маскирани луѓе по Собранието“, рече Шеќеринска.

Со ова се согласи и Теута Арифи, потпретседател на ДУИ. На обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и ДУИ извршиле државен удар со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

„Не е државен удар ако имате мнозинство и изберете претседател на Собранието . Државен удар е ако немате мнозинство а да седнете и да го узурпирате местото на претседателот“, рече Арифи.
Трансфер на власта мора да има, вели Арифи, бидејќи тоа е според принципите на демократијата.

Слични содржини