Шекеринска му го честита на Бошковиќ членството на Црна Гора во НАТО

од desk2

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати честитка до црногорскиот министер за одбрана, Предраг Бошковиќ по повод членството на Црна Гора во НАТО.

– Вашиот успех е наш заеднички успех и успех на целиот регион. Како заеднички членки на Јадранската повелба очекувам целосна и безрезервна поддршка од Црна Гора во процесот на евроатлантската интеграција на Република Македонија, која останува силно посветена на оваа стратешка определба, истакнува министерката Шекеринска.

Изразува задоволство од досегашниот развој на односите меѓу двете држави во духот на воспоставеното пријателство, со интенција да се развива на секое поле од заемен интерес.

Претходно, министерот Бошковиќ испрати честитка по повод именувањето на министерката Шекеринска на позицијата министер за одбрана. – Имајќи предвид дека целиот регион, па и цела Европа се соочува со нови безбедносни предизвици, сметам дека добрососедската соработка е предуслов за стабилен и просперитетен регион, посочи министерот Бошковиќ.

Слични содржини