Шилегов: Лицемерно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се свика собраниска седница за пожарите.

од Vladimir Zorba

 

Лицемерно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се свика собраниска седница за пожарите.

Очигледно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат задача по секоја цена да ја блокираат работата на Собранието на Република Македонија, а на штета на граѓаните,  истакна на прес конференција  пратеникот Петре Шилегов.

Со лицемерни барања ВМРО-ДПМНЕ не може да ја избегне одговороноста за хаосот што го оставија по нивното 11 годишно владеење и нефунцкионалност како на механизацијата, така и на целокупниот систем за справување со кризни состојби.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги крадеше парите на граѓаните за барок, криминални тендери и лускузирање на поединци, а сосема ги игнорираше основните потреби на граѓаните и институциите.

Поради неодговорното и расипничко владеење, денес, надлежните служби работат во нестандардни услови, со нефункционална и застарена механизација и со стара и дотраена опрема.

Дури и купените авиони за гаснење пожар не беа функционални се до доаѓањето на новата власт.

Сепак, и во вакви тешки услови за работа, сите ангажирани лица даваат се од себе за брзо и ефикасно гаснење на пожарите за кои за дел од нив постои сомнеж и дека се намерно подметнати.

Надлежните министерства и институции преку постојаното и активно делување на терен, прават се за да се изгаснат пожарите кои се случуваат на неколку локации во нашата земја.

Сите ангажирани лица на терен, припадниците на Армијата, војниците, прават натчовечки напори за што е можно побрзо локализирање и целосно гаснење на активните пожари.

ВМРО-ДПМНЕ кои еднствено знаат да ги кочат реформите и работата во Собранието, треба да ги остават надлежните институции да ја работат својата работа и да престанат да шират паника помеѓу населението.

По справувањето со пожарите, очекуваме и детална истрага за јавноста да дознае дали постои организирано подметнување на пожари на различни локации во државата, истакна на прес конференција  пратеникот Петре Шилегов.

Слични содржини