Шон О’Грејди: Трамп ќе и подаде рака на Русија дека е посвесен од Клинтон

од Vladimir Zorba

За да се обезбеди мир во целиот свет, доволно е САД да воспостават топли односи со Русија и токму тоа го разбира Доналд Трамп за разлика од својата соперничка Хилари Клинтон, пишува Шон О’Грејди за „Индипендент”.
Авторот на публикацијата поставува прашање дали кандидатот за претседател од демократите може да започне Трета светска војна. Според него, во тоа нема никакви сомнежи – може и уште како! Новинарот пишува дека Трамп се разликува одсвојата соперничка по еден важен параметар: тој е свесен дека со Русија е подобро да се разберат.

2016-07-27t161014z_1659575875_s1betsabmkac_rtrmadp_3_usa-election-trump

„Ако во надворешната политика се поаѓа од принципот „Непријателот на мојот непријател е мој пријател “, тогаш не само што е можно, но е и пожелно да се воспостави мир, соработка и алијанса со Русија” – се вели во публикацијата.

Како што пишува весникот, ако претседател на САД стане Трамп, тој ќе се договори со својот руски колега за заедничка борба против тероризмот во Сирија.

Што се однесува до Клинтон, таа не сфаќа дека, од гледна точка на доктрината на Кисинџер, во надворешната политика на прво место стојат интересите на Америка. Политиката на Русија во однос на Украина не влијае на САД.

„Наједноставниот начин да се спречи трета светска војна е да се овозможи на Русите да прават што сакаат, ако нас тоа не ни влијае” – пишува Шон О`Грейди.

Има распространет виц дека демократите секогаш „доживува слабост” кон Русија или дека сакаат меѓународно помирување и мир. Најрешителните поддржувачи на курсот на Студената војна беа од Демократската партија.
Нешто слично може да се добие и кај претседателот Клинтон, но не и кај Трамп уверува авторот, повикувајќи да се даде шанса на кандидатот-републиканец.

Слични содржини