Шварценегер нема да гласа за Трамп

од desk3

f5ccb8caff7023887aa6a69a77dc1ac3
Холивудската ѕвезда и поранешен гувернер на Калифорнија од Републиканската партија Арнолд Шварценегер изјави денеска во интервју дека срамниот однос на Доналд Трамп кон жените влијаело на неговата одлука да не го поддржи на изборите, соопштија светските агенции.

“Сакам да кажам дека не наоѓам за прифатливо некој да зазема позиции , а ги омаловажуваат напорите, улогата и присуството на жените (во општеството)”, изјави поранешниот актер за италијанскиот весник “Кориере дела сера”.

Шварценегер изјави дека се уште не одлучил дали да гласа за кандидатот на демократите Хилари Клинтон, но истакна дека неговата одлука да не го поддржи Трамп не е “повик да не се гласа” на изборите на 8 ноември.

Слични содржини