СЈО ги проверува криминалите во „Бомбите “,ОЈО во контранапад кај бомбашите – државата опљачкана!

од Vladimir Zorba
 Темата е легитимна, финансиското работење на политичка партија.  СЈО на Катица Јанева настапува од позиција да ги проверува криминалите кои произлегуваат од прислушуваните разгововри, т.н „бомби“, таму на тапет е власта,и  само тоа може да го прави. ОЈО и Зврлевски имаат широк спектар за борба прпотив криминалот ама и они  на иста тема , о тоа  кај опозцијата. Логиката ќе беше ОЈО да влезеше и кај власта и опозцијата и кај сите партии во потрага по криминал за избори, ако сакаа да бидат на висината на задачата, и да потврдат дека СЈО ти била испостава на СДСМ,  но остануваат на доследноста  дека државен интерес е да се штити власта а да се гони за криминал опозицијата.

Значи и државното и специјалното обвинителство се фокусирани на финансиското работење на политичка партија, ама  не на иста партија.

Скопското јавно обвинителство потврди дека отворило истрага за финансирањето на изборната кампања на СДСМ. Тврдат дека истрагата е отворена уште во време на кампањата. Последните десетина дена многумина вклучени во кампањата на СДСМ добиле покана како сведоци, и превозници, и донатори, а биле проверувани и нивни исплати преку електронско банкарство. Телма во петокот објави дека постапката е отворена, но досега не се повикани високи партиски функционери. Денес обвинителството соопшти дека постапува по кривична пријава за злоупотреба на финансирање на изборна кампања. Пријавата ја поднела надлежна институција, но јавното обвинителство не открива која.

„Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи. Во рамките на постапката досега се преземени претходни дејствија, побарана и прибрана е материјална документација, релевантни писмени докази, а во просториите на Основното јавно обвинителство – Скопје се сослушани повеќе од 70 лица сведоци.“

 Од СДСМ  претходно најавија дека сметките не се конечни и затворени за да се утврди што не е направено , и велат дека државните институции постојано ги проверуваат нивните финансии, но досега никогаш ништо не нашле затоа што работат законски.

„Институциите во државата во континуитет вршат контрола на работењето и финансирањето на СДСМ. СДСМ ниту нешто крие ниту криел. Затоа не е најдено ништо спорно или незаконско“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Од Обвинителството информираат дека постапката ја отвориле пред крајот на минатата година, а во неа осомничени се едно физичко и едно правно лице. Физичкото лице било организатор на изборна кампања, а правното се гони заради сторено кривично дело злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи, стои во соопштението на ОЈО.

Сепак факт е нешто друго , а тоа е дека истрагата на скопското обвинителство се интензивираше откако во јавноста беше објавено дека СЈО ја привршува својата предистрага за донациите на ВМРО-ДПМНЕ во 2014-та во која многу впишани донатори во финасискиот извештај како сведоци изјавиле дека не донирале пари.

Она што е исто  така факт е дека  и СЈО и ОЈО, официјално  и двете обвинителства во Македонија водат одделни истраги за финансиското работење на двете најголеми политички партии и опоненти само од македонскиот блок.

И додека Обвинителството го тресе СДСМ, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) врши проверка на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ и изборната кампања во 2014-та година. Според првичните информации, наводно стотици граѓани од Скопје, Охрид и уште неколку градови во Македонија, во ист ден во 2014-та уплатиле неколку стотици илјади евра на име на донации за владеаќката ВМРО ДПМНЕ. Од СЈО се дознава дека има и  сериозно банкарски недоследности и трансфери во уплатите на донациите за кампања на ВМРО ДПМНЕ.

Владеачката партија на Груевски  истрагата и распитот ги  окарактеризира како притисок на СЈО вршен по налог на СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.

Минатата недела тим на СЈО беше во Охрид каде на распит во својство на сведоци повика околу 200 членови, симпатизери и функционери од партијата. Тоа беше причина за протест пред полициската станица во Охрид каде се одвиваше распитот.

СЈО се пожали на притисок и на повреда на тајноста на предистражната постапка, бидејќи повиканите сведоци биле мнозинство меѓу насобраните пред охридската полиција.
Она што се наметнува во заклучокот дека евидентна е системската нефункционалност на државата Македонија. Борбата против криминалот во демократските држави  е недвосмислена определба, без поделби и селекција, затоа што  криминалот, никаде во светот нема ниту боја, ниту партија, религиска  или етничка припадност- тоа е злото против кое се бори демократскиот свет.
Се останато , односно селетивноста во изборот на криминалците ,е само потврда дека сме далеку од тие позиции и се е само гола борба за власт и  чистрење на просторот  за нови криминали и познати криминалци, кои ќе решаваат во стилот на „Држте го крадецот“, и ќе преидонесуваат  и натамму за празнење на државната каса и осиромашување на државата и граѓаните.
Ад.

Слични содржини