Собранието ја продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

од Vladimir Zorba
 Собранието денеска ја продолжува расправата по ребалансот на Буџетот за 2017 година. На првиот ден од расправата министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека се крати од непродуктивните трошоци и се обезбедува простор за мерки кои ќе значат зајакнување на социјалната кохезија меѓу граѓаните и поддршка на домашните претпријатија.

Пратениците пак од опозицијата обвинија дека се крати од развојниот дел на буџетот, што пак од пратениците од мнозинството беше оценето како лицемерие бидејќи се ребалансира буџет донесен од претходната власт.

Приходната страна на буџетот е проектирана на 3,003 милијарди евра. Кај расходите, проекцијата е 3,305 милијарди евра. Дефицитот останува проектиран на 302 милиони евра.

Ребалансот е проектиран на раст на економијата од 2,2 отсто наместо првично предвидените 3 отсто.

Собранието, според Правилникот, ќе расправа пет дена за ребалансот.

Слични содржини