Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку потопло.. Ќе има сончеви периоди и услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

плаза

Утринската температура ќе се движи од шест до 16, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за проврнување на слаб дожд особено во претпладневните часови. Ќе дува умрен повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредите денови ќе преовладува променливо облачно време со слаб дожд и со ретки грмежи. Температурата на воздухот ќе има тенденција на постепен пораст.

 

Слични содржини