Совет за мажи: Почесто во бањата отколку салата

од Vladimir Zorba

Мажи, ако се прашувате како најуспешно да го привлечете вниманието на дамите, заборавете за редовното потење во салата за фитнес и посетувајте ја бањата барем двапати дневно – новото истражување покажува дека кога требало да побараат партнер, жените се импресионирале прво од насмевката, а не од мускулестата фигура, пишува  “Дејли стар”.

Анкетата е спроведена во Велика Британија меѓу близу 2200 претставнички на понежниот пол по нарачка на производителите на медицинскиот производ Remescar. Целта била да се утврди што најсилно ги привлекува неврзаните жени кога бараат потенцијален партнер.

Импресивните 71 отсто од учесниците на прво место ја ставија пријатната насмевка.

Втората работа што ја забележуваат 62 проценти од дамите, е карактерот на мажот, а особено дали тој е добар човек, склон да разговара со нив, и исто така дали е способен да ги насмевнува.

Топ 5 на работите кои најсилно ги импресионираат жените при прв контакт со потенцијален партнер, вклучуваат уште добро одржувано тело (61 процент), добар однос кон семејството и блиските (44 проценти) и самодоверба (40 проценти).

Слични содржини