Спасов: Опозициските портали дрско манипулираа дека се случила тешка сообраќајка

од Vladimir Zorba

timthumb-2

„Во врска со одредени наслови и текстови на портали кои денеска беа објавени, за наводна “тешка сообраќајна незгода со последници” должни сме да реагираме бидејќи истите се базираат на невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика.

Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несрека со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината“, се вели во реакцијата од Кабинетот на дополнителниот заменик министер во Министсрството за труд и социјална политика.

Слични содржини